Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса кој денеска не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, попладнево објави видео на својот фејсбук-профил.
„Добар и здрав сум, се гледаме набрзо“, напиша тој, а меѓудругото му испрати порака на лидерот на неговата партија, Биљал Касами, дека е на сигурно и да не се грижи.
Реџепи тврди дека е во добра состојба и нагласи дека откако ќе поминеле заканите од сопартијците ќе раскажел што се случило.
„Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците сум и со сите граѓани на земјава кои сакаат мир, слобода и демократија“, вели Реџепи нагласувајќи дека е со ЕУ и НАТО, а не, како што вели, со антиалбански кругови.