Утрински Весник
Македонија

Реџепи: Наша цел е до полноќ да ја срушиме оваа власт

Реџепи: Наша цел е до полноќ да ја срушиме оваа власт

Опозиционерите не губат надеж дека до вечер ќе обезбедат мнозинство за да изгласаат недоверба на Владата. Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, не е зачуден од постапката на пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи, кој не се појави на денешната седница. Скендер Реџепи рече дека нема контакт со пратеникот од БЕСА од пред четири години и додаде: „Знаев дека тој што еднаш те предаде, ќе те предаде секој пат“.

„ Како понатаму, тек ќе видиме. Еден саат пауза. Ние дојдовме да гласаме за паѓање на Владата и нашиот став останува“, рече Скендер Реџепи и додаде „Ние сме во опозиција и се додека сме опозиција битката ќе ја водиме како опозиција. Ако во иднина има понуда, ќе ја гледаат партиските органи. Наша цел е до 12 часот да ја срушиме оваа власт. Имаме надеж до 12 часот дека може да се направи било што“.

Седницата е паузирана, веќе од нејзиниот почеток во 11 часот.

Можете да прочитате

Жерновски: Пријателот на Орбан – Мицкоски е руски играч кој ја турка Македонија во изолација од ЕУ

Спасовски до Дурмиши: Зошто Владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја