Утрински Весник
Спорт

Унгарец ќе ја засили одбраната на Челси

Унгарец ќе ја засили одбраната на Челси

Фудбалскиот клуб Челси, во зимскиот преоден рок, ќе ја засили одбраната со фудбалер на Фенербахче. Англиските медиуми објавија дека европскиот првак го договорил трансферот на Унгарецот, Атила Салаи.

Салаи (23), во јануари оваа година од Аполон Лимасол за само два милиони евра се пресели во Турција. За Фенербахче, минатата сезона одигра 22, а од почетокот на оваа 11 натпревари.

Изминатиот период неколку големи клубови се интересираа за Салаи. Тој решил да ја прифати понудата од „Стенфорд Бриџ“. Во јануари ќе потпише шестгодишен договор и ќе добие плата од четири милиони евра по сезона.

> Унгарец ќе ја засили одбраната на Челси <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина