Утрински Весник
Македонија

Уапсени четири странски државјанки при контрола во повеќе угостителски објекти во Тетово

Tело на починат маж пронајдено во напуштена куќа вo Скопје

Синоќа во периодот од 22.50 часот на 10.11. до 01.00 часот на 11.11.2021, полициски службеници на СВР Тетово, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделение за прекуграничен криминал и миграции во содејство со Трудов инспекторат извршиле акциски контроли во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово.

Притоа во 01.50 часот, во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во 00.30 часот во угостителски објект во с.Горно Седларце, тетовско, биле приведени А.К.(34) и Е.К.(37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Северна Македонија и неносење на дозвола за престој.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“

Аеродромец паднал во кујна и се повредил со нож

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет