Утрински Весник
Свет

Во Русија рекорден број на починати, многу болници би можеле да останат без кислород

Во Русија рекорден број на починати, многу болници би можеле да останат без кислород

Во Русија денеска е забележан рекорден број смртни случаи како последица на инфекција со Ковид-19. Во последните 24 часа починале 1.239 лица, соопштија властите.

Работната група за коронавирус на владата исто така информира за 38.058 нови инфекции, од кои 3.927 во Москва. Треба да се напомене дека некои региони бележат пад на бројот на нови случаи.

Министерот за здравство, Михаил Мурашко, денеска во парламентот изјави дека резервите со кислород во болниците во 12 руски региони би можеле да траат уште два дена или помалку во случај да не се обноват, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 62 милионa Руси примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа