Утрински Весник
Спорт

Бенфика покажува интерес за Умтити

Бенфика покажува интерес за Умтити

Самуел Умтити е еден од отпишаните во Барселона. Поранешниот француски репрезентативец, кариерата би можел да ја продолжи во Португалија. Умтити, има минорна минутажа во Барселона поради бројните повреди, минатата сезона и кога беше здрав ретко добиваше шанса од Роналд Куман.

Бенфика, покажале сериозен интерес за Умтити, тврди „Ожого“. Бенфика, бара замена за Лукас Верисино, кој поради тешката повреда на десното колено, ја заврши оваа сезона.

Повредата на Верисимо ја остави Бенфика со со двајца централни дефанзивци, Николас Отаменди и Томас Вермален.

Веројатно Умтити ќе ја прифати понудата, но само под услов да го раскине договорот со Барселона и да го напушти клубот како слободен играч.

> Бенфика покажува интерес за Умтити <

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград