Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО предупредува: Следната година може да дојде до недостиг од шприцеви

СЗО предупредува: Следната година може да дојде до недостиг од шприцеви
Img 7972

Следната година може да дојде до недостиг од шприцеви, предупредуваат од Светската здравствена организиација (СЗО).

Недостатокот може да се должи на спроведувањето на кампањата за вакцинација против Ковид-19, поради што во светот се користат милијарда повеќе шприцеви од вообичаено.

Лиза Хедман од СЗО рече дека производството на шприцеви треба да биде во чекор со зголемувањето на понудата на вакцини.

„Загрижени сме дека може да има недостиг на шприцеви за имунизација, што пак може да доведе до сериозни проблеми, како што е забавување на програмите за вакцинација. Може да има дефицит од 1 до 2 милијарди шприцеви“, посочи Хедман.

Досега во светот се аплицирани повеќе од 7,5 милијарди дози вакцини против Ковид-19, пишува АФП. Ова е речиси двојно повеќе од бројот на рутински вакцинации што се прават на годишно ниво и двојно повеќе од бројот на потребните шприцеви.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа