Утрински Весник
Македонија

Без струја делови на Карпош, Гази Баба и Аеродром

Без струја делови на Карпош, Гази Баба и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 9 до 13 часот корисниците од стопанските објекти „Регенератор“, асфалтната база „Дарс“, „МВМ компани“, „Гранит Лепенец“ и асфалтната база „Гранит“ кај Лепенец до село Орман (општина Ѓорче Петров), како и дел од корисниците од улицата Мариовска (општина Кисела Вода) и улицата Трнодол (општина Карпош);

– во периодот од 8 до 13 часот корисниците од улицата Лазар Поп Трајков бр. 20 и бр. 22 (општина Гази Баба);

– во периодот од 8:30 до 15 часот корисниците лоцирани на патот за село Долно Лисиче, како и корисниците на потегот од село Долно кон село Горно Лисиче кон „Биолеб“ (општина Аеродром).

Можете да прочитате

Следната седмица пријатни летни температури, повторно со локално невреме

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“

Аеродромец паднал во кујна и се повредил со нож