Утрински Весник
Спорт

Има проблеми со видот – Маркез нема да вози во Валенсија

Има проблеми со видот – Маркез нема да вози во Валенсија

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, нема да вози и на последната трка во сезоната, Големата награда на Валенсија. Шпанецот, поради потрес на мозокот ја пропушти и трката која во неделата се возеше во Портимао, Португалија.

Поранешниот светски првак има проблеми со видот, поради што ја посетил клиниката во Барселона. На едното око гледал дупло.

„Ова се тешки моменти. Во иста ситуација бев и во 2011 година. Морам да бидам трпелив и со оптимизам да гледам на работите. Благодарам за поддршката“, напишал Маркез на социјалните мрежи.

Сезонава, Маркез, победи на три трки.

Титулата во најсилната класа ја освои Фабио Квартараро од Јамаха.

> Има проблеми со видот – Маркез нема да вози во Валенсија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина