Утрински Весник
Македонија

Левица го блокираше законот за лични карти на БЕСА поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а сега седнува да коалицира со нив

Micko koalicija

Партијата Левица на Димитар Апасиев во февруари го блокираше Законот за лични карти предложен од БЕСА, а кој беше поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ. Левица поднесе 1230 амандмани на овој закон во обидот да го блокираат.

Како објаснување за блокадата тие истакнаа дека станува збор за политички пазар во кој ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ одработуваат за албанскиот политички блок.

Само неколку месеци подоцна, Левица на Апасиев седнува на маса со БЕСА, која го предложи овој закон, ВМРО-ДПМНЕ која го поддржа, како и со две други албански политички партии – Алијанса за Албанците и Алтернатива во обид преку коалиција да ја освои власта.

Во борбата за власт, Левица ги прегазува сопствените постулати, а и албанските политички партии кои коалицираат со нив замижуваат пред екстремизмот кој оваа партија го прикажуваше во минатото.

Во програмата на Левица стои дека тие се за забрана на етничките партии, односно да нема партии кои ќе бидат исклучиво на Македонци или Албанци. Тие се против користењето на името ВМРО во политичка партија, а и бараат итно отчленување од НАТО пактот.

Очигледно е дека желбата за власт и борбата за позиција значи и прегазување на принципите и основите врз кои се формирани дел од партиите и за доаѓање на власт се спремни и на вакви непринципиелни коалиции со партии кои немаат ништо заедничко во своето дејствување.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ застана рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, а обвинува дека Македонија се внесува во „српскиот свет“

Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

Синдикатот на полицијата до Собранието достави барање за повисоки плати