Утрински Весник
Свет

Обилни дождови предизвикаа поплави низ БиХ

Обилни дождови предизвикаа поплави низ БиХ

Обилни дождови предизвикаа излевање на реките и поплави во повеќе места низ БиХ, при што прогласена е вондредна состојба во Пале и во Трново, како и во Источна Илиџа.

Во населеното место Војковиќи во близина на Сараево, загрозени или поплавени се околу 150 куќи, откако дошло до свлечиште по течението на реката. Поплавени се патишта и домаќинства во општина Источна Илиџа.

Надлежните институции апелираа до граѓаните во критичните мнеста да не напуштаат своите домови без потреба, а упатен е и апел за ставање во служба на помош на надлежните, каде што има можност.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел

Велика Британија официјално ја призна Палестина како држава

Вонреден состанок на Советот за безбедност утре поради упадот на руски авиони во Естонија