Утрински Весник
Свет

Медицинскиот факултет во Белград: Ивермектинот не е ефикасен во лекување на коронавирусот

Медицинскиот факултет во Белград: Ивермектинот не е ефикасен во лекување на коронавирусот

Ивермектин, лек кој во последните месеци беше во фокусот на јавноста во Србија во контекст на лекувањето на коронавирусот, не е ефикасен во борбата против оваа заразна болест, заклучува Медицинскиот факултет во Белград.

Како што беше најавено, факултетот денеска го соопшти својот официјален став за употребата на ивермектинот.

„Поради бројните коментари кои неодамна се појавија во медиумите во врска со употребата на препаратот Ивермектин во лекувањето на инфекцијата Ковид-19, Медицинскиот факултет во Белград смета дека нашиот Факултет како институција од највисоко национално значење, треба да се реагира“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае

Четворица убиени во американски напад врз брод со осомничени трговци на дрога на Карибите