Утрински Весник
Свет

(Видео) Се шират гласини дека Ердоган имал мозочен удар, некои тврдат дека починал

(Видео) Се шират гласини дека Ердоган имал мозочен удар, некои тврдат дека починал

Во јавноста се појавија шпекулации дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во лоша здравствена состојба.

На социјалните мрежи вчера се проширија гласини дека Ердоган доживеал мозочен удар и дека е примен во болница. Некои дури тврдеа дека тој починал.

Членот на Републиканската народна партија од левичарската ориентација, Ајкут Ердоган, кој е и пратеник во турскиот парламент, тврди дека на апликацијата „вацап“ почнале да кружат пораки за здравјето на турскиот претседател и дека тој имал мозочен удар во вторникот вечерта и бил сместен во болница. Гласините дополнително се разгореа со видео на кое се гледа дека Ердоган тешко оди.

Меѓутоа, портпаролот на Ердоган, Фахретин Алтун, среде тие гласини, објави видео на Твитер како турскиот претседател без помош излегува од лимузината, па ги демантираше наводите од социјалните мрежи.

„ Верувајте им на пријателите, плашете се од непријателот“, вели Алтун во описот на видеото.

Наводите дека Ердоган е во лоша здравствена состојба се демантирани со објавата од официјалниот Твитер профил на претседателот на Турција, јавуваат грчките медиуми. Објавена е фотографија од средбата на првиот човек на Турција со амбасадорите и генералниот секретар на Советот на Турција.

Турските власти покренаа правна постапка против 30 лица бидејќи објавиле на Твитер за наводната смрт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Според Асошиејтед прес, тие лица би можеле да бидат обвинети за наводно ширење дезинформации и манипулативна содржина, како и за навреда на Ердоган.

Можете да прочитате

Блумберг: САД подготвуваат напад врз Иран во наредните денови

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив

Путин: Русија може да помогне во посредувањето за договор меѓу Израел и Иран