Утрински Весник
Спорт

Варан во аут најмалку месец дена!

Варан во аут најмалку месец дена!

Дефанзивните проблеми на Манчестер јунајтед ќе останат голем проблем, откако клубот потврди дека Рафаел Варан ќе паузира месец дена по повредата на бутниот мускул која ја доби на вчерашниот меч против Аталанта.

Варан неодамна се врати од повреда, но сега ќе го пропушти дербито на Манчестер во сабота, како и мечевите против Вотфорд и Вилјареал по интернационалната пауза, но и мечевите против Челси и Арсенал.

Варан дојде од Реал Мадрид во текот на летото и имаше 9 настапи за Јунајтед оваа сезона, и неговото отсуство драстично се отсликува на формата на одбраната на „ѓаволите“, кои оваа сезона имаат примено неверојатни 23 гола во 15 меча.

> Варан во аут најмалку месец дена! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина