Утрински Весник
Свет

Орбан, Моравјецки и Салвини во разговори за формирање нова политичка групација во ЕУ

Орбан, Моравјецки и Салвини во разговори за формирање нова политичка групација во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа видео-конференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и Матео Салвини, лидерот на Италијанската лига, посветена на основањето нова политичка групација во Европската Унија, изјави портпаролот на Орбан.

Неделава ќе ги продолжат преговорите за соработка, нагласи тој.

Орбан, Салвини и Моравјецки го истакнаа и успехот на декларацијата за иднината на Европа, заштитата на националните држави и традиционалните вредности, која во јуни ја објавија 16 партии, рече Берталан Хаваси.

Неколку партии и политички организации изразија интерес за потпишување на документот, пренесуваат медиумите.

Во декларацијата, потпишана претежно од екстремно десничарски партии, се предупредува за обидите да се создаде „наднационална европска држава“ во ЕУ и се повикува на заштита на европските вредности, како што е улогата на традиционалното семејство и христијанските вредности како темели на Европа.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат