Утрински Весник
Спорт

Барса прати делегација по Чави, шеиците не го пуштаат

Барса прати делегација по Чави, шеиците не го пуштаат

Иако се веруваше дека Барселона е пред промовирање на Чави во нов тренер на каталонскиот гигант, по праќањето делегација во Катар да преговара со легендата на клубот, од Ал-Сад повторија дека Чави има договор со нив и дека нема за што да се зборува.

Чави официјално доби понуда да стане тренер по отказот на Роналд Куман на 27 октомври, а во меѓувреме Серхи Бархуан го води тимот. Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте, и фудбалскиот директор Матеу Алемани отпатувале за Доха по победата над Динамо Киев во ЛШ во вторникот навечер.

Од Ал-Сад тврдат дека не е возможно да се дојде до договор.

„Позицијата на клубот е јасна од почетокот – ние сме посветени да го задржиме Чави и нема шанси да го пуштиме во ова клучно време во сезоната“, вели генералниот директор на клубот, Турки ал-Али.

> Барса прати делегација по Чави, шеиците не го пуштаат <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0