Утрински Весник
Свет

СЗО ја одобри индиската вакцина

СЗО ја одобри индиската вакцина

Светската здравствена организација даде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против коронавирус „Коваксин“.

Лекот е развиен од индиската компанија „Барат Бајотек“ во соработка со Националниот институт за вирологија во Пуна.

Техничката советодавна група, свикана од СЗО и составена од регулаторни експерти од целиот свет, откри дека вакцината ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од Ковид-19, дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците и вакцината може да се користи.

Можете да прочитате

Најмалку 16 загинати во напад врз џамија во Пакистан

Русија и Кина бараат Јапонија да ги отстрани американските ракетни системи „Тајфун“

Туск: Полска се придружува на ракетната коалиција предводена од Украина