Утрински Весник
Свет

Талибанците најавија забрана за употреба на девизи во Авганистан

Талибанците најавија забрана за употреба на девизи во Авганистан

Талибанците објавија целосна забрана за употреба на девизи во Авганистан.

„ Економската ситуација и националните интереси во земјата бараат сите Авганистанци да ја користат само домашната валута во секоја трговија“, изјави портпаролот на Талибанците за новинарите.

Употребата на американски долари е широко распространета на авганистанскиот пазар, додека валутите на соседните земји како Пакистан се користат за трговија во пограничните области.

Портпаролот на талибанците Мухамед Сухаил Шахин ја повика меѓународната заедница на 29 октомври итно да обезбеди материјална помош од 1,2 милијарди долари ветена на земјата на виртуелниот самит на Г20.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори