Утрински Весник
Спорт

Пофалба од идолот – Халеп верува дека Радукану ќе биде најдобрата

Пофалба од идолот – Халеп верува дека Радукану ќе биде најдобрата

Поранешната шампионка од Вимблдон, Романката Симона Халеп ја испофали шампионката од САД опен, Британката со романско потекло Ема Радукану, велејќи дека таа ќе стане една од најдобрите тенисерки на светот.

18-годишната Радукану стана првата Британка по повеќе од 44 години со гренд слем титула по шокантниот настап на САД опен, и откако настапија на Трансилванија опен во Клуж-Напока, Халеп имаше само пофалби за тинејџерката.

„Таа веќе има освоено гренд слем титула, така што е можно да ги оствари сите можни работи во тенисот. Сега има искуство и на најголемите турнири и верувам дека ќе влезе во топ 10 наскоро. Толку е млада, а покажа неверојатна смиреност во толку многу мечеви. Навистина ми се допаѓа“, вели Халеп.

Радукану неколку пати изјави дека Халеп и била идол и инспирација да се посвети сериозно на тенисот, поради нивното заедничко романско потекло.

> Пофалба од идолот – Халеп верува дека Радукану ќе биде најдобрата <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара