Утрински Весник
Свет

Макрон: Премиерот на Австралија ме лажеше додека преговараше за купување подморници

Макрон: Премиерот на Австралија ме лажеше додека преговараше за купување подморници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот претседател Емануел Макрон го обвини австралискиот премиер Скот Морисон дека го лажел додека тајно преговарал за договор за снабдување на подморници со САД и Велика Британија.

На прашањето на новинарите дали мисли дека Морисон го лаже, Макрон одговори потврдно.

„Не мислам, туку знам“, рече Макрон.

Минатиот месец Австралија го раскина договорот за купување на француски подморници, вредни неколку милијарди долари и одлучи да купи американски. Канбера ја донесе таа одлука поради влегувањето во безбедносен сојуз со Велика Британија и САД (АУКУС) во индо-пацифичкиот регион.

Формирањето на тој сојуз ја налути Франција, која ги отповика амбасадорите од САД и Австралија.

Макрон и Морисон разговараа за прв пат во четвртокот откако Австралија го раскина договорот со Франција. Двајцата викендов беа во Рим, на самитот на Групата 20 најголеми економии во светот, но не се сретнаа.

Претседателот на Франција го оцени самитот на Г-20 како успешен, особено за прашањето за климатските промени, и покрај многуте поделби меѓу земјите.

Можете да прочитате

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“