Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кој ќе го наследи Куман?

Кој ќе го наследи Куман?
Img 7972

Отказот што го доби Роналд Куман, повторно ги отвори шпекулациите околу името на новиот тренер на Барселона. Шпанските медиуми тврдат петмина се во игра за клупата на славниот клуб.

Прв кандидат е клупската легенда, Чави, кој две години го предводи Ал Сад. Чави има договор со овој клуб, но според непотврдени информации тој може да го раскине доколку добие повик од Барселона.

На листата се и Роберто Меринез, односно Ерик тен Хаг. Проблем е што двајцата имаат цврсти договори со Фудбалскиот сојуз на Белгија, односно Ајакс. Тен Хаг на почетокот на оваа недела го одби Њукасл јунајтед.

За многумина изненадување е Андреа Пирло. Тој остана без работа по завршувањето на сезоната кога доби отказ во Јувентус.

Последн на списокот е Марсело Гаљардо. Тренерот на Ривер Плејт и во минатото се поврзуваше со Барселона. Тој е тренер на Ривер од 2014 година, со клубот има освоено 12 трофеи. Неговиот договор со клубот истекува на 31.декември.

> Кој ќе го наследи Куман? <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН