Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже за наводен бугарски пасош на Арсовска

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже за наводен бугарски пасош на Арсовска

Ваква црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако од СДСМ денеска објавија дека Данела Арсовска поседува бугарски пасош.

„Во целост ги демантираме ваквите невистини и ниту една црна кампања, вклучително и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска, нема да им помoгне да го одбегнат поразот од народот кој им следи“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова не е прв пат СДСМ, како што велат, да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши.

„Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенди е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов“, стои во реакцијата.

Можете да прочитате

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов

Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето” на граѓаните од страна на банките