Утрински Весник
Култура

Ремек-дела на Пикасо продадени за речиси 110 милиони долари на аукција во Лас Вегас

Ремек-дела на Пикасо продадени за речиси 110 милиони долари на аукција во Лас Вегас

Единаесет уметнички дела на Пабло Пикасо, кои беа изложени во хотел во Лас Вегас повеќе од две децении, се продадени на аукција за речиси 110 милиони долари.

Делата, кои беа во сопственост на MGM Resorts, беа прикажани во ресторанот „Пикасо“ во хотелот „Белаџо“.

Компанијата изјави дека аукцијата во саботата ќе ѝ помогне да ја подобри разновидноста на нејзината колекција на ликовна уметност.

На аукцијата беа прикажани девет слики и две керамички дела на славниот шпански уметник, кој почина во 1973 година.

Колекцијата опфаќа повеќе од 50 години уметничка работа.

Сликата „Жена со црвено-портокалова беретка“ од 1938 година, на која е прикажана љубовницата и муза на Пикасо, Мари-Терез Волтер, достигна највисока цена на вечерта, 40,5 милиони долари.

Текстот Ремек-дела на Пикасо продадени за речиси 110 милиони долари на аукција во Лас Вегас е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“