Утрински Весник
Македонија

Антикорупциска се’ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Антикорупциска се’ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството се’ уште не и одговорило на Антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата кои учествувале во Деталниот урбанистички план за „Холидеј ин“.

Одговор се чека и за лицата од ДИК кои учествуале во тендерот за печатени материјали за гласање, информираше на прес-конференција, претседателката на Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска.

Антикорупциската комисија порача дека е потребно побрзо решавање на иницијативите, барањата и препораките.

Говорејќи за оценките на Европската комисија за ДКСК , Ивановска рече дека извештајот е директна потврда за оправданоста на активностите на Комисијата, но и дополнителен поттик во напорите да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата и покрај обидите за нејзина дискредитација.

Во Извештајот се наведува дека  ДКСК е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отварање голем број предмети, вклучително на оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници.

Можете да прочитате

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судија Ристов

Левица: Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви

МВР: Податоците за преминување на границата на Ристов се достапни само по законска постапка