Утрински Весник
Свет

(Видео) Град со големина на грејпфрут, невидено невреме во Австралија

(Видео) Град со големина на грејпфрут, невидено невреме во Австралија

Град со рекордна големина падна на источниот брег на Австралија оваа недела.

Парчиња мраз со големина на грејпфрут исто така паднаа на некои делови од Квинсленд, објави Националната метеоролошка служба (НМСА).

Бура проследена со силни грмежи и електрични празнења и град со големина на грејпфрут, со дијаметар од 16 сантиметри, го погоди подрачјето северно од Макај 954 километри северно од Бризбејн.

Таков голем град е ретка појава и се случува само под посебни услови, пренесуваат медиумите во светот.

Можете да прочитате

„Мајкрософт“ воведе „црвен код“ по глобалниот пад на Outlook и Teams

Првпат странец ќе претсојува во кинеската вселенска станица „Тјангонг“

Два шпански борбени авиона полетаа од база во Романија поради воздушна цел над Украина