Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Ги обединуваме сите демократски сили за победа

Шилегов: Ги обединуваме сите демократски сили за победа

Во првиот круг од изборите за градоначалник на Скопје учествуваа дури дванаесет кандидати, секој со своја визија за развојот на градот. Драго ми е што со повеќето од нив имавме слични проекти и размислувања како Скопје треба да продолжи да се развива. Верувам дека граѓаните кои ги поддржаа нив во првиот круг ја поддржуваат политиката на напредок и развој која ние веќе четири години ја спроведуваме, со овие зборови ја започна денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Од денес започнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје. Подавам рака до сите граѓани, политички партии и организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива она како што почнавме, дека Скопје мора да остане град каде граѓаните одлучуваат и дека Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој“, нагласи Шилегов.

Актуелниот градоначалник порача дека само заеднички може да се продолжи започнатото. Со обединување на сите демократски сили, вели Шилегов, Скопје ќе расте во единствена коалиција, со граѓани кои ќе учествуваат во одлуките за сите важни проекти преку системот на директна демократија.

„Ова се избори за Скопје и иднината на нашиот град и тоа не смееме да го заборавиме. Ова се избори на кои бирате како Скопје треба да продолжи напред и за тоа во каков град сакаме да живееме. И ништо друго. Сите вие кои во првиот круг решивте од кои било причини да не излезете на гласање, ве повикувам на 31 тоа да го направите“, повика градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Можете да прочитате

ДУИ: Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор

Битола почувствува земјотрес од 3.9 степени со епицентар во Грција

Регулаторна одлучи: Горивата со пониски цени од полноќ