Утрински Весник
Македонија

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат официјалните податоци на Државната изборна комисија.

Во првиот круг кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победиле во 22 општини, на СДСМ во девет, на ДУИ во три.

Сега течат роковите за приговори, а конечните резултати за 80 општини и Град Скопје ќе бидат објавени по завршување на постапката за приговори.

Првиот круг од локалните избори во општините Центар Жупа и Маврово Ростуше ќе се повтори, затоа што не излегле потребните 33 отсто од регистрираните избирачи.

Во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.

Втор круг ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.

Можете да прочитате

Лиценците за работа во градинките повторно активни по двегодишната блокада

Ахмети: Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел од Охридскиот договор

Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните