Утрински Весник
Македонија

ДИК: Во првиот круг Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов

ДИК: Во првиот круг Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов

Според податоците кои вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисја (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник на градот ќе бираат меѓу независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и кандидатот на СДСМ и досегашен градоначалник, Петре Шилегов.

„За градоначалник на градот Скопје, под број 12 коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’, предводена од СДСМ има 77.852 гласа и оди во втор круг со Петре Шилегов. Данела Арсовска во вториот круг оди со 85.657 гласови“, соопшти Даштевски.

Врз основа на бројките кои ги изнесе претседателот на ДИК, разликата меѓу двата кандидата по првиот круг е 7.805 гласа.

Можете да прочитате

АХВ: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница

Николоски: На овие локални избори ќе нема место каде што нема да победиме

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ