Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шилегов во водство пред Арсовска, покажуваат првичните резултати од ДИК

Шилегов во водство пред Арсовска, покажуваат првичните резултати од ДИК
Img 7972

Петре Шилегов во водство пред независната кандидатка Даниела Арсовска покажуваат првичните резулати од Државнатата изборна комисија објавени на нивната официјална веб страница од трката за избор на градоначалник на Град Скопје.

До 22:40 во системот на ДИК се обработени податоци од општините Сарај, Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и Гази Баба кои покажуваат дека Шилегов има 37,59 проценти од гласовите додека Арсовска 34,15 проценти. По нив следи Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 5,66 проценти, Перо Георгиевски од Левица со 4,85 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град со 3,41 процент и Алексанадр Тортевски од Твоја партија со 1,18%. Останатите кандидати според овие резултати имаат под еден процент.

Можете да прочитате

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“