Утрински Весник
Свет

Во Србија стигнаа уште 250.000 вакцини „Спутник В“

Во Србија стигнаа уште 250.000 вакцини „Спутник В“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уште 250.000 дози вакцини „Спутник В“ пристигнаа синоќа во Србија, и тие веднаш беа транспортирани до Институтот Торлак, изјави Ненад Поповиќ, министер во српската влада и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

„Вакцините беа доставени во Србија од фабриката Генериум во Владимирскиот регион“, рече Поповиќ.

Тој посочи дека руската вакцина „Спутник В“ има потврдена ефикасност од над 97 проценти.

„’Спутник В’ е одлична и како ‘бустер’ вакцина, односно како трета доза од вакцината за граѓаните кои претходно примиле две дози од која било вакцина“, рече министерот Поповиќ.

Според него, вакцините ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ Србија што е можно поскоро.

Можете да прочитате

Кремљ: Европските и украинските измени не ги зголемуваат шансите за мир во Украина

Данската пошта прекинува со достава на писма

Шефица на американското разузнавање: Русија не е способна да ја окупира Украина, а камоли Европа