Утрински Весник
Свет

(Видео) Руските актерка и режисер кои снимаа филм во вселената се вратија на Земјата

(Видео) Руските актерка и режисер кои снимаа филм во вселената се вратија на Земјата

Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го снимат првиот филм во вселената, утрово се вратија на Земјата.

Вселенското летало „Сојуз МС-18“ со Јулија Пересилд, Клим Чипенко и космонаутот Олег Новицки слета во Казакхстан точно во предвиденото време, 4,36 часот наутро.

Руската вселенска агенција Роскосмос објави на „Твитер“ дека спуштањето е успешно и дека тимот се чувствува добро.

Космонаутот и филмското дуо го снимаа првиот филм во вселената. Филмот е со привремен наслов „Предизвик“ и прикажува хирург (ЈулијаПересилд) кој патува на ИСС за да спаси живот на еден астронаут.

Можете да прочитате

Гардијан: Британски компании за водоснабдување испуштаат отпад во постројки за пречистување

Руската компанија „Јандекс“ соопшти дека нејзиниот центар за податоци во градот Владимир прекинал со работа по украински напад со дрон

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот