Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе досигне 12 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд.

Утринските температури ќе бидат над нулата, а од почетокот на следната недела дневните температури понекаде ќе го надминуваат дваесеттиот степен.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа