Утрински Весник
Македонија

Од коронавирус почина 22-годишен пациент од Битола

21 починато лице и 459 нови случаи на Ковид-19

Дваесет и двегодишен пациент од Битола е еден од починатите од коронавирус во изминатите 24 часа.

Од Министерството за здравство за „Макфакс“ велат дека тој не бил вакциниран и имал коморбидитети. Според податоците оттаму, починатиот добил позитивен тест минтата сабота, а веќе во неделата се јавил на преглед во битолската болница на инфективното одделение. Докторите, му посочиле дека нема знаци за пневмонија, иако имал температура. Тој бил пуштен на домашно лекување со препишана терапнија.

Пациентот бил на прегледи и народниот ден, во понеделникот, кога му биле закажани и контролни анализи, но не бил хоспитализиран. Според информациите на Министерството, состојбата нагло му се влошила третиот ден, односно во вторникот, а тоа го покажале лабораториските анализи и РТГ наодот.

„Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и дадена му е соодветна терапија. Кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата, починал на 15.10.2021“, велат од МЗ.

Можете да прочитате

Сообраќаец кривично ќе одговара, наместо казна пуштил со опомена возач кој возел над 50 км/ч над дозволената брзина

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување