Утрински Весник
Спорт

Ријека пропушти 3:0 водство против Динамо, Велковски стрелец, Ристовски асистент

Ријека пропушти 3:0 водство против Динамо, Велковски стрелец, Ристовски асистент
Ss2

Ријека и Динамо Загреб одиграа трилер 3:3 реми, во кое домаќините успеаја да пропуштат 3:0 водство во првото полувреме, а македонскиот репрезентативец Дарко Велковски постигна еден гол за Риека, но и беше одговорен за еден од пеналите на гостите.

Јосип Дрмиќ уште во 7. минута постигна прекрасен гол од 20-тина метри за водство на домаќините, а истиот фудбалер во 39. минута од мечот ја дофати одбиената топка за 2:0. Велковски најдобро се снајде во шестнаесетникот на „модрите“ само две минути подоцна за големи 3:0 по првите 45 минути.

300x250 (7)

Во второто полувреме, хрватскиот шампион доби два пенали во шест минути (58. и 64.) кои ги реализираше Бруно Петковиќ. Вториот пенал беше досуден по игра со рака на Велковски во шестнаесетникот. Во 74. минута, Оршиќ постигна гол за израмнување, но тој беше поништен поради прекршок, пред Комнен Андриќ да донесе поен за „модрите“ во 82. минута по асистенција на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Ријека останува лидер во лигата со 24 поени, еден повеќе од Динамо, но загрепчани имаат натпревар помалку.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-48-37053”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Ријека пропушти 3:0 водство против Динамо, Велковски стрелец, Ристовски асистент <

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!