Утрински Весник
Спорт

Се радуваше кога противниците дадоа гол, па се правдаше дека бил уморен!

Се радуваше кога противниците дадоа гол, па се правдаше дека бил уморен!
Ss2

Фудбалската федерација на Украина утврди дека нема ништо проблематично откако снимките од второлигашкиот меч помеѓу Ужгород и Кремин покажаа дека еден гостински фудбалер се радува на голот на своите ривали во мечот кој заврши 2:0.

Виталиј Бојко беше забележан дека ги крева рацете во воздух во знак на триумф откако Микола Гајдучјук ги донесе домаќините во водство во 64. минута од мечот. Според украинскиот портал „Трибуна“, федерацијата  го разгледала случајот и не пронашла „аномалии“, а самиот Бојко се правдаше дека гестот е во знак на фрустрација и умор.

Ss1

„Кој ви вели дека бев среќен што примивме гол. Ако го погледнете цел меч, ќе видите дека ги кревам рацете и потоа сум лут. Не бев среќен за голот во никој случај. Како да бидам среќен кога 20 часа патував со автобус за да стигнам тука. Дојдовме во Ужгород по победата, но фудбалот понекогаш е таков“, вели Бојко.

> Се радуваше кога противниците дадоа гол, па се правдаше дека бил уморен! <

Ss1

Можете да прочитате

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот