Утрински Весник
Спорт

Ривалството е во минатото – Серена и Шарапова сега се пријателки

Ривалството е во минатото – Серена и Шарапова сега се пријателки
Dik 300x250 mk

Тениската кралица Серена Вилијамс вели дека било одлично да се дружи со својата стара ривалка Марија Шарапова минатиот месец, откако фотографиите на сестрите Вилијамс со Русинката ги изненадија сите кои ги познаваа нивните односи.

Серена и Шарапова посебно имаа луто ривалство кое започна кога Русинката на само 17 години ја шокираше Американката во финалето на Вимблдон во 2004. Вилијамс потоа доминираше во нивното ривалство, кое честопати се одликуваше и во медиумите. Но, Вилијамс вели дека тоа е во минатото одговарајќи на прашањата на своите фанови на Инстаграм.

„Што за Шарапова? Имав шанса да се дружам со неа на Мет Гала. Таа е забавна, зборувавме, се смеевме, разговаравме за тенисот и беше навистина забавно и ми се допаѓаше“, одговара Серена.

И Венус Вилијамс претходно изјави дека нема „лоша крв“ меѓу сестрите и 34-годишната Русинка.

„Прво, јас и Серена зборувавме за Марија пред некое време, велејќи дека би сакале таа да игра уште. Бевме среќни што се видовме. Се гушнавме, се смеевме, имаше приказни“, вели Венус.

> Ривалството е во минатото – Серена и Шарапова сега се пријателки <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс