Утрински Весник
Македонија

Арматури паднаа врз млад работник кај Стара железничка, со тешки повреди пренесен е во болница

Арматури паднаа врз млад работник кај Стара железничка, со тешки повреди пренесен е во болница
Ss2

Градежен работник е во животна опасност откако на градилиште позади трговскиот „Рамстор“ во Скопје, врз него паднале арматури кои се кревале со кран, дознава „Макфакс“. Според неофицијални информации, тешко повреден е млад скопјанец кој работел на градилиштето.

Сведоци од градилиштето велат дека причина за несреќата е кинењето на сајла со која се кревале арматурите.

Img 5587

Работниот со возило на Брза помош е пренесен на КАРИЛ. На терен има инспекции, кои заедно со полицијата вршат увид.

Ss1

Можете да прочитате

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Европски фронт: Граѓаните како што сакаат да го искористат правото на глас на претседателските избори

Ванковска и сопругата на Апсиев контра Силјановска-Давкова: И Пушкин ќе го укине!