Утрински Весник
Култура

Претстава на МНТ со награда на меѓународниот фестивал „Јоакимфест“

Претстава на МНТ со награда на меѓународниот фестивал „Јоакимфест“

Марјан Неќак е добитник на Специјалната награда на градот Крагуевац на 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест“ за извонреден музички концепт во претставата „Само глас“ во продукција на МНТ.

Она што жирито на овој фестивал го воодушевува е: „музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста“.

Во коментарот на жири комисијата се наведува и дека станува збор за ретко дело во кое музиката е потполн партнер на актерот, текстот, режијата и сценографијата.

Текстот Претстава на МНТ со награда на меѓународниот фестивал „Јоакимфест“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“