Утрински Весник
Спорт

„АС“: Левандовски сака да оди во Реал Мадрид

„АС“: Левандовски сака да оди во Реал Мадрид

Роберт Левандовски би сакал да се оствари трансферот во Реал Мадрид и ќе побара да си замине од Баерн Минхен, тврди шпанскиот спортски весник „АС“.

Полскиот ветеран е несомнено еден од најдобрите напаѓачи на планетата со 307 гола во само 339 настапи за Баерн во сите натнрепварувања од јули 2014 кога дојде како слободен играч од Борусија Дортмунд.

Сепак, тој има договор со Баерн до 2023 година, што значи дека клубовите надвор од Германија ќе можат да преговараат со него од јануари 2023 година, а Баерн ќе ризикува да го загуби на слободен трансфер. Затоа е возможно тие да се решат на трансфер следното лето, со кој Левандовски повторно би работел со својот поранешен тренер Карло Анчелоти.

33-годишниот Левандовски има 18 трофеи со Баерн во кариерата, вклучувајќи 7 трофеи од Бундеслигата, 4 од Германскиот куп и еден од Лигата на шампионите.

> „АС“: Левандовски сака да оди во Реал Мадрид <

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026