Утрински Весник
Спорт

Клоп: Стравувавме од Суперлигата, а Њукасл е Суперлига во еден клуб

Клоп: Стравувавме од Суперлигата, а Њукасл е Суперлига во еден клуб
Ss2

Њукасл јунајтед, со новите газди, стана најбогатиот фудбалски клуб во светот. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во интервју за германскиот „Скај спорт“, го споредил Њукасл со проектот европска Супер лига.

„Со право, фудбалскиот беше загрижен поради проектот Суперлига. Њукас е Суперлига во еден клуб. Гарантирана му е доминантна улога во европскиот фудбал во наредните 20-30 години. Постои веројатност дека ќе ги зезнете работите со толку многу пари, но долгорочно, во фудбалот има многу квалитетни луѓе, порано или подоцна Њукасл ќе ги пронајде. Така стојат работите. Мораме да живееме со ова“, рекол Клоп.

Img 5587

Јасно е дека целта со оваа сезона е Њукасл да преживее во Премиер лигата, а потоа да ги „нападнат“ големите имиња во летниот преоден рок, по примерот на Манчестер сити и ПСЖ.

„Доколку разговараме само за фудбалот, на долги патеки, Њукасл ќе бидат супер сила. Ова е третиот клуб во светскиот клуб, за кој знам, дека му припаѓа на една држава. Очигледно е дека е во сопственост на најбогатото семејство во светот“, изјавил Клоп и потоа ја коментирал политичката ситуација во Саудиска Арабија.

„Можеби не треба да го коментирам тоа, можеби тоа не е моја работа, но постојат две различни мислења околу почитувањето на човековите права во Саудиска Арабија“.

> Клоп: Стравувавме од Суперлигата, а Њукасл е Суперлига во еден клуб <

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари