Утрински Весник
Македонија

(Видео) Градоначалникот на Подгорица со поддршка за Шилегов

(Видео) Градоначалникот на Подгорица со поддршка за Шилегов
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, објави дека заедно со неговиот колега и одличен пријател, градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ, продолжуваат да разменуваат искуства и да ги развиваат извонредните меѓусоседски односи.

„Неколкупати во изминатите години го посетив Скопје и сведок сум на оваа позитивна трансформација што ја има во Скопје, на инфраструктурниот развој и можам да потврдам дека Скопје го има еден од најдобрите градоначалници од овој дел на Европа, со видливи и мерливи резултати“, вели Иван Вуковиќ.

„Најдраго од сѐ ми е што заеднички се согласуваме дека Скопје се движи во вистинска насока и дека заедно со Подгорица овие градови и во иднина можат да бидат пример за тоа како се имплементираат исправни градски политики“, објави Шилегов.

Шилегов по повод заедничката средба укажува дека еден регион е силен онолку колку што се силни врските и континуитетот на пријателствата меѓу државите кои го сочинуваат.

Можете да прочитате

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица