Утрински Весник
Свет

Во Германија на интензивна нега се само 10 отсто вакцинирани

Во Германија на интензивна нега се само 10 отсто вакцинирани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бројот на вакцинирани пациенти во одделенијата за интензивна нега за пациенти со коронавирус се зголеми во последниве месеци, соопшти германската влада.

„ Од 1.186 пациенти со коронавирус кои останаа на одделот за интензивна нега помеѓу средината на август и почетокот на септември, 119 сe вакцинирани, што одговара на вредност од приближно 10 проценти“, соопшти пратеничката група на Левичарската партија.

Во периодот од почетокот на февруари до средината на август, процентот беше многу помал и изнесуваше 1,84 проценти. Изјавата е базирана на податоци од државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“.

Според медиумската група „Функе“, зголемениот број вакцинирани лица во одделите за интензивна нега, според мислењето на здравствените институции и експерти, е поврзан со зголемениот број вакцинирани лица во Германија.

Германското Министерство за здравство уште во септември објави дека процентот на невакцинирани лица во одделите за интензивна нега е „многу висок“ – 90 проценти. Министерството ја нагласи потребата од зголемени стапки на вакцинација за оние кои се уште не го направиле тоа.

„ Факт е дека вакцините штитат и дека невакцинирањето е главната причина зошто пациентите со коронавирус завршуваат на одделот за интензивна нега“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, во Германија најмалку 65 проценти од граѓаните примиле две дози на вакцина.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична