Утрински Весник
Македонија

На граничниот премин „Долно Блаце“ уапсен албански државјанин баран од германскиот Интерпол

На граничниот премин „Долно Блаце“ уапсен албански државјанин баран од германскиот Интерпол

32-годишен државјанин на Албанија бил уапсен откако полицијата увидела дека тој е евидентиран за мерката „апсење“ од германскиот Интерпол.

Имено, вчера во 22.20 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Х.(32) од Република Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека евидира во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Владата ќе организира трибина „Темел на државноста- визија за иднината” во чест на Гоце Делчев

Навивач паднал од трибина на стадионот во Гостивар

Зајкова за Светскиот ден на слободата на медиумите: Вистината не треба да има синџири