Утрински Весник
Спорт

Саутгејт: Имам главоболки секогаш кога треба да го составам тимот

Саутгејт: Имам главоболки секогаш кога треба да го составам тимот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Англискиот селектор Герет Сутгејт, пред натпреварот со Унгарија, рекол дека го „боли глава“, секогаш кога треба да го состави тимот. Англија има голем број квалитетни играчи, што дополнително му го отежнува изборот на Саутгејт.

„Ќе има промени во составот за дуелот со Унгарија. Имаме добар и силен тим, сакаме сите играчи да бидат задоволни, сакаме сите да знаат дека вредат и дека можат да помогнат“, рекол Саутгејт и дополнил.

„Имам главоболки и правам злочин секогаш кога ќе го одберам тимот. Постои голема конкуренција за секое место“.

Англија ја предводи И-групата со 19 бодови, четири односно пет повеќе од Албанија и Полска.

> Саутгејт: Имам главоболки секогаш кога треба да го составам тимот <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов