Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Со наследството кое ни го оставија хероите од НОБ не смее да се поигрува

Мицкоски: Со наследството кое ни го оставија хероите од НОБ не смее да се поигрува

Ако некои народи велеа дека е подобро да се живее на колена, отколку да се загине на нозе, нашиот народ реши да се исправи на нозе и да крене глава за слобода и се запиша помеѓу народите предводници на антифашистичката борба, нагласува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неговата честитка по повод 11 Октомври.

„Ние им ја должиме слободата на тие што се избориле за неа, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за добар живот и за стабилност и сигурност за секој човек. Во време кога повторно слободата ни се ограничува, кога се прават поделби, кога нема одговорност за никого и ништо, кога книгите завршуваат во депонија, кога луѓето не чуствуваат сигурност, кога со нашето наследство власта прави трговија, повеќе од сигурно е дека потребни се промени“, посочува Мицкоски.

Според него, партизаните, нашите втори илинденци, залудно не газеле по снеговите, не се бореле и гинеле за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство.

„Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот. Наша задача денес е да издвојуваме победа на разумот, на нашето право да создаваме нова иднина за нашите луѓе. Тоа е иднина темелена на морал и принципи.Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избор“, вели Мицскоски во честитката по повод 11 Октомври и во чест на хероите од Антифашистичката борба.

Можете да прочитате

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот