Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Курц за сомнеж за корупција веднаш даде оставка, а Заев за 14 изгорени луѓе мува не го лази

Мицкоски: Курц за сомнеж за корупција веднаш даде оставка, а Заев за 14 изгорени луѓе мува не го лази

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во општина Босилово направи паралела како се однесува еден одговорен политичар, а како се однесува Зоран Заев, посочувајќи го примерот на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Како за пример како постапува одговорен политичар пред својот народ ќе го наведам австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој си поднесе оставка затоа што постојат сомневања дека владини институции плаќале анкети со кои се фаворизирала власта. Курц покажа висок степен на морална одговорност и верба во принципи. Кај нас 14 луѓе живи гореа во модуларната болница во Тетово, а немаме ниту еден виновен“, истакна Мицкоски, кој потоа додаде дека како виновник бил посочен само продолжениот кабел.

Потоа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја доведе во прашање и легитимноста на анкетите на кои во водство е СДСМ.

„Неколку години по ред Заев си склучува договори не со една, туку со повеќе агенции кои што го мерат јавното мислење, онаму каде што ќе прочитате дека води СДСМ и Заев, тие се тие, затоа што само на тие скапо платените од украдените пари на народот може СДСМ и Заев да води“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат

СДСМ: Владата манипулира со бројките за извозот – вистината е дека економијата назадува

ЦУК: Гори над граничниот премин „Блаце“, побарана е авионска поддршка за гаснење