Утрински Весник
Македонија

Арсовска: За 82 дена ќе ги исчистиме сите диви депонии во Скопје

Арсовска: За 82 дена ќе ги исчистиме сите диви депонии во Скопје

Диви депонии има во секое населено место, градот тоне во смет што никнува насекаде, вели кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Арсовска.

Поради ваквата состојба, таа се обврза дека чистењето на депониите ќе биде еден од приоритетите во нејзината програма.

„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, истакна Арсовска на социјалните мрежи.

Таа во својата објава посочи дека денеска, при посета на Матка и езерото Треска, нејзиниот тим наишол на две диви депонии кои, како што кажа, некој не сака да ги види, а уште помалку да ги исчисти.

Според Арсовска, секојдневна обврска на градот треба да биде ангажманот на контроли и инспекции со задача депониите да не се појавуваат повторно.

„До мене секој ден пристигнуваат фотографии од депонии од различни локации. Некои од нив секојдневно се палат, го загадуваат воздухот, почвата и подземните води и ги загрозуваат нашите животи. Ваква не смее да биде иднината на Скопје и скопјани“, порача кандидатката за градоначалник.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана