Утрински Весник
Македонија

Приватните превозници ѝ се пожалија на Арсовска за малиот обем на работа и несогласувањата со ЈСП

Приватните превозници ѝ се пожалија на Арсовска за малиот обем на работа и несогласувањата со ЈСП

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници на Здружението на приватни превозници и разговараше за прашања од нивни интерес.

Како што се наведува во соопштението за средбата, се разговарало за актуелни прашања од нивната дејност, како превозниците функционираат, посебно сега во услови на здравствено-економската криза.

Директорот на Здружението на приватни автобуси „Слобода превоз“, Ленин Јовановски ги пренел искуствата и предизвиците за работата во услови на кризата.

Тој посочил дека се соочуваат со голем проблем, затоа што имаат мал обем на работа што ги прави неисплатливи, трошоците се големи, а заработката многу мала.

Претставниците на здружението пред Арсовска се пожалиле и за, како што рекле, нерамномерната распределба на линиите, односно како ЈСП нема доволно автобуси за да ги покрие сите линии, а истите не ги дава на приватните, како и за лошата соработка со институциите, односно непостоењето на дијалог, клучен за решавање на проблемите.

„Со редовни работни средби на кои отворено ќе разговараме за сите проблеми со кои се соочувате, ќе направиме систем за работа со зачестени линии, секое населено место да има превоз, да има повеќе автобуси за да се растовари гужвата со која се соочуваат граѓаните секојдневно“, посочила Арсовска.

Заклучок од средбата бил дека треба да се интензивира соработката со градската власт со формирање работни групи што ќе ги земат предвид ставовите на сите засегнати страни и ќе се изнајдат ефикасни и брзи решенија.

Можете да прочитате

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег

Студен бран во Македонија: Во деновите од викендот студено време и поројни врнежи