Утрински Весник
Македонија

Петровска: Скопјани го бранат својот град, против дивата депонија во Јурумлери

Петровска:  Скопјани го бранат својот град, против дивата депонија во Јурумлери

Граѓаните на Гази Баба заедно со Ана Петровска се борат против дивата депонија Јурумлери, која е една од многуте покрај Вардар. Таа се прави со знаење на општината Гази Баба, која наместо да ја исчисти, самата фрла отпад, за да не плати прописно депонирање во Дрисла. На оваа локација се истура и талог од септички јами на приватни куќи од оваа општина, што депонијава ја прави уште поголемо жариште на зарази, во време на пандемија, соопштија од тимот на Ана Петровска кандидатка за градоначалник на Град Скопје.

„Има решение и тоа е заедничка работа на Градот Скопје, општина Гази Баба и ЈП Водовод и канализација “, децидна е Ана Петровска.

„Депонијата мора да се исчисти, стави под видео-надзор и трајно да се зазелени. Куќите да се приклучат кон канализациската мрежа, а потегот покрај Вардар да се претвори во континуиран линиски парк со велосипедска улица. Скопје мора да биде зелен хуман град!“, потенцира Петровска.

Можете да прочитате

Европската Унија и Република Турција: Стратешко партнерство во време на глобална несигурност

Транспаренси Интернешнл Македонија: 2025 година во знакот на тешки коруптивни афери

Европската Унија и Република Турција: Стратешко партнерство во време на глобална несигурност