Утрински Весник
Македонија

1800 евра казна за одговорните кои бесправно исекле дрво во општина Кисела Вода

1800 евра казна за одговорните кои бесправно исекле дрво во општина Кисела Вода
Dik 300x250 mk

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје, велат од оваа институција.

Додаваат дека заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира.

Можете да прочитате

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади